Груевски честиташе Бајрам, му коментираа лично да ѝ честита на Фатиме Фетаи

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски преку својот Фејсбук профил упати честитка до сите муслимански верници, по повод празникот Рамазан Бајрам.

Како одговор на честитката тој доби различни коментари, од покани за баклава, па сѐ до повик да се појави во земјава и лично да ѝ го честита празникот на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи.

Никола Груевски повеќе од половина година е во бегство во Будимпешта и ужива азил што му го овозможи унгарската Влада на чело со премиерот Виктор Орбан.

Во Македонија го чека казна затвор од две години и неколку судски процеси кои се во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот