Груби вели дека е оптимист за резултатите од посетата на Софија

Фото: Влада на РСМ

Како дел од официјалната посета на македонската владина делегација во Софија и продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји, првиот потпретседател на Владата и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска присуствуваше на средбата на Работната група од областа на образование, култура, наука и млади.

Придружуван од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Груби по средбата го изрази својот оптимизам за позитивната атмосфера и постигнувањето на многу заеднички проекти меѓу двете земји.

– Многу позитивна атмосфера и многу топло гостопримство од нашите бугарски колеги и штотуку ја завршивме првата седница на Комисијата за култура, образование и наука, млади и спорт и туризам и јас сум оптимист за постигнувањето на многу заеднички проекти кои ќе ги реализираме во следните месеците, истакна тој.

Како што соопшти прес-службата на Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, на средбата биле истакнати заедничките приоритети на кои двете држави ќе работат во наредниот период, а тоа се објавување на огласот за лого и слоган на заедничките владини седници, составување на заеднички културен календар, унапредување на соработката меѓу универзитетите од двете земји за поатрактивни студиски програми, размена на искуства и можност за практична настава, организирање заеднички научни конференции, како и организирање фудбалски натпревар меѓу владините кабинети.

Во соопштението се додава дека ќе се интензивира соработката помеѓу Агенцијата за млади и спорт и бугарското Министерство за млади и спорт. Исто така, ќе се реализира заемно промовирање на атрактивните туристички дестинации и продлабочување на соработката во областа на туризмот како силна предиспозиција на економскиот развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот