Груби: Успешните жени на нашите заедници се пример за општеството

Артан Груби/ Фото: Фејсбук

 Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по повод Денот на жената денеска се сретна со претставнички на сите заедници кои живеат во земјава.

Од кабинетот на првиот вицепремиер информираат дека Груби заедно со присутните госпоѓи за време на одбележувањето на 8 Март се осврнале на прашања поврзани со светот на жените, на нивните достигнувања, социјалните и политички прашања поврзани со еднаквите можности, но и на чекорите што треба да се преземаат за да се надминат празнините што се уште постојат.

– Гзиме Старова, Изета Бабачиќ, Аспазија Софијанова, Дрита Карахасан, Васка Мустафа Бајрамоска, Анета Пешева и Братислава Танасковиќ се успешни жени со својата професионалност во заедниците на кои припаѓаат, но сите заедно за целото наше општество, истакна Груби.

На оваа средба, Груби потенцира дека еманципацијата на жените започнува со еманципацијата на нивните сопрузи, истакнувајќи дека не само денеска, на 8 Март, туку систематски и секој ден треба да се почитуваат напорите на жените.

Говорниците се согласија дека од особено значење е да се запаметат делата на успешните жени со цел да се зајакне влијанието на жените во нашето општество и токму тоа е важноста на одбележувањето на 8 Март.

На оваа средба се разменети мислења и е постигната согласост дека пред борбата против секоја дискриминација и насилство врз жените сè уште продолжува и дека оваа битка мора и ќе остане постојана.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓузаедниците, Артан Груби на крајот од овој настан истакна дека „факторизацијата на жените во нашето општество, останува наша заедничка обврска и услов што треба да го исполниме”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот