Груби: Убедени сме дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието

Пратеникот Артан Групи, порача дека изборите се договорени и политичка непредвидливост, од која било страна, е несериозна и неодржлива за земјава.

По вчерашните случувања во Собранието, реагираа и од коалицискиот партнер во власта, ДУИ.

Пратеникот Артан Групи, порача дека изборите се договорени и политичка непредвидливост, од која било страна, е несериозна и неодржлива за земјава.

-ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор. Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието. Предвремените избори беа консензуално договорени кај Претседателот Пендаровски и политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неодржлива за нашата земја- напиша Груби на својот Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот