Груби: Тоа е јазик на иднината

Тоа е јазик на иднината, пратениците од позицијата го знаат, искоментира пратеникот Артан Груби на денешната седница на собраниската Комисија за евроинтеграции на која се дискутираше на тема „Осврт на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија по Самитот на Европскиот совет во октомври 2019“.

Оваа забелешка на Груби следуваше откако пратениците од опозицијата реагираа дека немаат слушалки за превод, кои се неопходни, бидејќи комисијата се води на албански јазик согласно собранискиот Деловник. Тој исто така побара од собраниските служби да обезбедат слушалки за сите пратеници.

Груби денеска беше креативен и за други забелешки, па така процедуралното обраќање на пратеникот Антонио Милошоски го оцени како кандидатура за нов пратенички мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот