Груби: Северна Македонија и Албанија не треба да се одвојат на патот кон ЕУ

Македонија Албанија ЕУ Западен Балкан
Знамињата на Северна Македонија, Албанија и ЕУ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Република Северна Македонија и Албанија не треба под никаков услов да се одвојат на патот кон ЕУ. Ваков ни беше ставот и минатата година, кога всушност требаше да се оддели Албанија за да не ја попречува Република Северна Македонија кон ЕУ. Ставот е конзистентен и сметаме дека треба да се отпочнат преговори час поскоро со ЕУ, со двете земји, како што беше ветено. Ова вечерва го изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Груби рече дека ќе работат макотропно за да се надмине, како што рече, проблемот со соседна Софија и сме готови да дојдеме до решение, но не под услов на загрозување на идентитетот, културата, јазикот на нашите сограѓани Македонци.

– Сметаме дека ставовите на актуелна Софија се бесмислени затоа што не можете да кажете на еден народ дека до 1945 година си бил едно, а од 1945 година па до денес си нешто друго. Не може да се наметнува спор дека Република Северна Македонија има територијални претензии кон Бугарија затоа што е апсурдно, затоа што е бесмислено, не постои такво нешто, изјави Груби.

ЕУ доколку стои зад својот кредибилитет, како што рече, не треба да толерира наметнување на вакви непостоечки апсурдни спорови меѓу земјите членки и земјите аспиранти.

Тој изрази надеж дека спорот со Бугарија всушност не е, како што рече, само оправдание за летаргичноста на земјите членки на ЕУ или пак отсустност на желбата за да се проширува Унијата со Македонија, со Албанија и со другите земји.

Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, Груби рече дека тоа е согласно неговите надлежности, што му ги дава Уставот, како и дека има право на свое мислење за кое било законско решение.

Според него, односите меѓу Македонците и Албанците во земјава се најрелаксирани досега затоа што се имплементира Охридскиот рамковен договор, секојденовно се негуваат односите и нема меѓуетнички инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот