9.2 C
Скопје

Груби се заложил пред евроамбасадорот Гир: Успешен попис, владеење на правото и неселективна правда

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со новиот амбасадор и шеф на делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава, Дејвид Гир. Притоа беше истакнато дека соработката меѓу двете страни ќе остане на највисоко ниво како што била и досега.

– Тој го увери амбасадорот Гир дека како координатор на ресорните политики, ќе обезбеди кохезија во владината коалиција и ќе ја надгледува координацијата и исходот на процесите и спроведувањето на програмата, се наведува во соопштението од Кабинетот на првиот вицепремиер во македонската Влада

Груби му пренел на европскиот амбасадор дека „патот на неселективната правда и владеење на правото ќе се постигне само преку целосна транспарентност и ветинг кон сите носители на јавни функции, на судиите и на обвинителите”.

– Амбасадорот Гир за време на состанокот подвлече дека за Европската комисија и институциите на ЕУ се, исто така важни, спроведувањето на реформите во судството, владеењето на правото и одржувањето на добрите меѓуетнички односи, како и добрососедските односи, со цел да се докажат европските вредности за време на процесот на интеграција во ЕУ, се наведува во соопштението.

Двајцата соговорници разговарале и за правичната и соодветна застапеност во државните институции, но и во приватните компании, домашни и странски, со акцент на уставниот принцип на фер и соодветна застапеност за сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност.

Како што се додава во соопштението, Груби и Гир разговарале и за организирање на пописот на населението во Република Северна Македонија, процес што тие оценија дека успешно ќе биде завршен во текот на следната година.

Прочитајте и...  ЕК: Инсистираме на стабилност во испораките на вакцините на АстраЗенека

Поврзани вести

Се подготвуваат измени на законот за игри на среќа-АСОМ не ги прифаќа

Слободен печат

Политичарите во Шпанија се вацинирале пред приоритетните групи

Слободен печат

Во Албанија продолжува трендот на раст на новозаразени од Ковид -19

Слободен печат

Работници од Турција затекнати непријавени на објект во Скопје

Слободен печат

Членките на ЕУ на Балканот го спречуваат европското „прелевање“ во регионот

д-р Хамза Карчиќ/Анадолу

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег врне на Попова Шапка

Слободен печат

Остави Коментар