Груби: Сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ, албанската опозиција шири лажни вести

Сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ, вели Артан Груби од ДУИ како реакција на информацијата што ја објави Канал 5, дека договор за формирање на нова Влада е постигнат и дека дел од ресорите се распределени.

-Постојаните лажни вести произведени од албанската опозиција ги поткопува преговарачките позиции на ДУИ. Тие прават се за да ја избегнат одговорноста во своите редови поради неуспехот на изборите и измамата што ја направија кон граѓаните, изјави Груби за Коха.

Претходно, со реакција на веста што доцна попладнево ја објави Канал5 ја демантираше и СДСМ. Тие рекоа дека не е вистина дека има договор за премиер, а исто така не е вистина дека се договорени персонални решенија и поделби на ресори.

СДСМ демантира: Не е договорен премиер, ниту има решенија и поделба на ресори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот