Груби: Промоцијата на уметничките вредности е потврда за прогресивниот дух на Рамковниот договор

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

 Унапредувањето на работата на институциите за промоција на уметничките вредности и поттикнувањето на уметничката креативност која е јасно изразена преку овие изложби е јасен показател на постигнатото ниво како резултат на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби каде денеска со владина делегација ја посети изложбата организирана од Националната галерија на Северна Македонија и Уметничката галерија од Тетово во рамките на активностите за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Како што соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер, Груби изрази задоволство за организирањето на еден ваков настан кој, според него, со разновидноста на уметничките стилови и присуството на различни автори јасно го покажува добриот уметнички напредок во различни профили, во процесите на развој и негување на уметноста во нашата земја. Тој рече дека промоцијата на уметничките вредности е потврда за прогресивниот дух на Рамковниот договор.

Тој им честиташе на директорите на двете институции, Дита Старова Ќерими и Илир Куртиши, додавајќи дека имаат максимална поддршка од него и од Владата за промоција на уметничките вредности кои, како што подвлече, треба да биде постојано во центарот на општественото внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот