Груби: Подготвени сме за секаква одлука што би овозможила консензуално одобрување на уставните измени

Фото: Артан Груби, Фејсбук

Последните политички случувања во земјата, процесот на уставни измени, патот на евроинтеграциите, како и почетокот на работата на Коридорите 8 и 10Д, беа во фокусот на разговорите на денешната средба на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби со заменик американскиот амбасадор во земјава Ерик Мејер.

Како што соопшти Кабинетот на Груби, двајцата соговорници разговараа за политичката состојба во земјава, како и за евроинтегративниот процес и за продолжување на патот кон отворање на преговарачките поглавја.

Груби истакна дека поважна е европската иднина на граѓаните и на нашата држава и дека сме подготвени за секаква одлука што би овозможила консензуално одобрување на уставните измени.

Дискусијата за важноста на реализацијата на проектите како Коридорот 8 и 10Д не само за земјата туку и за целиот регион ја натера целата Влада да се заложи за нивна брза и квалитетна реализација, веќе по одобрувањето на законски измени, се наведува во соопштението.

Груби за време на средбата му се заблагодари на Мејер и за големата поддршка за нашата земја на европскиот пат, како и за продолжувањето на стратешкиот дијалог со САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот