Груби: Отворени сме за средба со албанската опозиција

Фото: Влада на РСМ
Вицепремиерот Артан Груби денеска на прес-конференција ја покани албанската опозиција на средба на која ќе разговараат за пописот на населението и посочи оти му е жал за одбивањето од нивна страна за меѓупартиска соработка.
– Средбата меѓу секретарите на албанските политички партии кои се дел од Парламентот беше свикана пред да се одржи средбата меѓу Заев и Мицкоски. Нивната покана беше испратена претходно, до вчера тие не дадоа одговор за оваа покана. Во врска со оваа средба темата беше пописот на населението, законот за државјанство, како и меѓупартиската соработка во врска со проекти кои се во Парламентот. Многу искрено беше подадена рака за соработка кон опозицијата која ја одби како што и претходно ја одби, рече Груби.
Додаде дека ќе продолжат со истите ангажмани за соработка за заеднички платформи, како и дека ќе продолжат да бидат отворени да седнат заедно на средба.

– Ќе продолжиме со нашите заедничи интереси и нашата подадена рака продолжува, нема никаква друга агенда, напротив, многу ми е жал за нивното одбивање за меѓупартиска соработка, посочи Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот