Груби од амбасадорот на Кина, Ѕуо бара надминување на пречките за финиширање на Автопатот Кичево-Охрид-Струга

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска имаше средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија Џанг Ѕуо.

Груби, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата истакнал дека односите меѓу двете земји се коректни и изразил уверување дека развојот на економската соработка ќе биде понатамошна цел на амбасадорот, како и оти тоа ќе резултира со зголемување на бројот на кинеските компании кои ќе најдат интерес да инвестираат во Република Северна Македонија.

Првиот вицепремиер Груби му се заблагодари на амбасадорот Ѕуо за донациите дадени од Народна Република Кина за Северна Македонија во медицинска помош со цел да се спречи ширењето на вирусот КОВИД-19, се вели во денешното соопштение.

Амбасадорот Џанг Ѕуо му прененел на првиот вицепремиер дека Република Северна Македонија е пријателска земја за кинескиот народ, со посебен придонес во развојот на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја поздравил континуираната поддршка на Република Северна Македонија кон државните позиции на Народна Република Кина.

 -Амбасадорот Џанг Ѕуо подвлече дека Народна Република Кина посветува големо внимание на досегашната соработка во сите сфери меѓу двете земји и верува дека таа ќе се интензивира со цел да се постигнат конкретни резултати. Амбасадорот Ѕуо истакна дека во наредниот период ќе се ангажира во интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и Кина во областа на културата, образованието и туризмот, се додава во соопштението.

Груби пред кинескиот амбасадор изразил интерес за автопатот Кичево-Охрид-Струга и побарал да се надминат сите пречки за што побрзо реализирање на проектот.

Груби и Ѕуо разговарале и за стратешките електронски комуникации, 5G мрежата и обврските што ги имаме како земја членка на НАТО и кон стратешките партнери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот