Груби-Нигард: Слободната економска зона во Тетово атрактивна за норвешки компании

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари работен состанок со генералниот директор на Норвешкиот државен инвестициски фонд, Ханс Кристијан Нигард.

На состанокот Груби истакна дека Владата на Република Северна Македонија има усвоено афирмативна одлука за инвестицијата на приватната компанија НОРМАК во слободната економска зона во Тетово и истовремено го информираше Нигард дека се исполнети сите формалности од страна на нашата земја.

Нигард истакна дека ќе се ангажира во слободната економска зона во Тетово да има и други нови инвестиции преку кои ќе се отворат можности за вработување на жителите од тој регион.

На средбата, Груби се заблагодари на Нигард за соработката на нашата земја со Кралството Норвешка, односно со Норвешкиот државен инвестициски фонд и за поддршката што земјата ја добива од Кралството Норвешка во успешното спроведување на реформите и помошта во областа на бизнисот и економијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот