Груби: Неопходен е ветинг за судии, обвинители и политичари – Слободен печат
ВестиМакедонија

Груби: Неопходен е ветинг за судии, обвинители и политичари

Пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби попладнево на својот Фејсбук профил напиша дека е неопходен ветинг за судиите, обвинителите и политичарите.

– Ние гласно говоревме за селективната правда и го понудивме инструментот на ветинг за судии, обвинители и политичари, за да се бориме против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективност. Граѓаните го прифатија и поздравија овој наш програмски столб со убеденост дека ќе успееме, додека деновиве и опозициските партии го прифаќаат и го ставаат во употреба нашиот наратив и политика, истакнува Груби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close