Груби неколку часа откако беше избран се повлече од Комисијата за селекција на кадри во УБК - Слободен печат
ВестиМакедонија

Груби неколку часа откако беше избран се повлече од Комисијата за селекција на кадри во УБК

Груби преку писмено соопштение најави дека „поради преголеми обврски не може да учествува во работата на оваа комисија“.

Само неколку часа откако беше избран, пратеникот Артан Груби, се повлече од Комисијата која треба да ги селектира кадрите од УБК .

Груби преку писмено соопштение најави дека „поради преголеми обврски не може да учествува во работата на оваа комисија“.

„Во врска со  Заклучокот на Комисијата за надзор  над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, донесен на Шестата седница на Комисијата, оддржана на 25 јуни 2019 година, во кој сум предложен,  да учествувам  во работата на Комисијата за селекција  и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање, поради преголеми други обврски Ве известувам дека не сум во миожност да учествувам во работата на оваа Комисија“ напиша Груби.

Тој и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Трајче Димков беа избрани да учествуваат во Комисијата за селекција на кадрите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close