Груби: Не верувам дека Приштина и Тирана ќе се мешаат во изборите во Северна Македонија

Груби во денешното интервју за приштинската телевизија ја спомена блискоста на партијата Движење самоопределување (ВВ), на чие чело е премиерот во оставка Албин Курти, со одредени опозициски партии на Албанците во Северна Македонија.

Пратеникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Артан Груби, во интервју за телевизијата Т7, изрази уверување дека институциите од Косово и Албанија нема да се мешаат во идните парламентарни избори во Република Северна Македонија, кои очекува да се одржат во наредните неколку месеци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Груби во денешното интервју за приштинската телевизија ја спомена блискоста на партијата Движење самоопределување (ВВ), на чие чело е премиерот во оставка Албин Курти, со одредени опозициски партии на Албанците во Северна Македонија.

Пратеникот и член на тесното раководство на партијата на Али Ахмети потсети и на поддршката што на последните претседателски избори во Северна Македонија, Курти и неговата партија ја дадоа на независниот кандидат Блерим Река, кого го поддржаа и албанските опозициски партии во земјата. Река во кабинетот што во февруари годинава го формира Курти по октомвриските парламентарни избори, е именуван за министер за евроинтеграции и иселеништво на Косово.

Како што пренесе порталот „Газета Експрес”, кој е дел од истата медиумска куќа со Т7, според Груби, Косово има многу внатрешни работи кои треба да ги заврши и „не треба да влијае на гласовите на Албанците во Северна Македонија, затоа што тие најдобро знаат што е најдобро за нивната иднина”.

– Што се однесува до мешањето од Косово или од Албанија во изборите во Северна Македонија, не верувам дека косовските институции ќе видат за потребно да влијаат на волјата на граѓаните во РСМ. Тие имаат многу работа во своите земји и ја почитуваат политичката определба на Албанците кои живеат тука, бидејќи Албанците покажаа дека не грешат кога се определуваат политички во Северна Македонија, но и кога треба да им помогнат на Косово и Албанија, изјави Груби. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот