Груби: Не коментираме судски одлуки, за „Монструм” баравме целосно повторување на судскиот процес

Првиот вицепремер во Владата и висок функционер во ДУИ, Артан Груби денеска не сакаше да ги коментира последните случувања во врска со слуајот „Монструм” и убиствата кај Смилковското Езеро, како и барањето за затворски казни на обвинителката Фатиме Фетаи. Груби нагласи дека единствен момент кога ДУИ била вмешана во овој случај, било барањето за целосно повторување на судењето.

– Не ги коментираме судските одлуки. Прашањето беше дали е вмешана политиката во овој случај. Единствен момент каде што ние како политичка партија бевме вмешани во овој случај беше во барањето да се повтори судењето, поради недовербата на целата јавност во одлуката на Судот претходно. Тоа го постигнавме. Отука па натаму е работа на Обвинителството, на судството, на одбраната во судска постапка да ги докажат своите аргументи, рече Груби на прес-конференција.

И покрај инсистирањето на новинарите, тој беше дециден дека тој може да одговори само за нивното барање, а тоа, како што потенцира, „апсолутно повторување на целиот судски процес и тоа го постигнавме”.

– Одбраната, обвинителството и судството се во доказна постапка, и се надевам дека заврши така како што налагаат доказите. Не сакам да коментирам одлука или пак, во овој момент тоа е став само на обвинителството, судот го нема кажано последниот збор, ова е само еден дел на една странка во процесот, рече Груби.

„Направивме г*мнарија, убивме човек“ – Фетаи побара казна доживотен затвор за обвинетите од „Монструм“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот