Груби на увид во замената на еднојазичните патокази со тријазични: Коридорот 8 ќе рефлектира јазична еднаквост

Фото: mia.mk

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби заедно со директорот на „Македонија пат”, Беким Мемети, директорот на „Државни патишта”, Ејуп Рустеми и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села денеска направи увид во замената на старите еднојазични патокази со нови кои се напишани на албански, на македонски и на англиски јазик.

По тој повод, вицепремиерот рече дека јазичната еднаквост ќе се рефлектира долж Коридорот 8.

– На последната седница на Владата ја усвоивме одлуката и годишната програма за работата на ЈП „Државни патишта”. Коридорот 8 е решен во форма на автопат во целост, вклучувајќи и трета лента на автопатот Тетово – Гостивар, изградба на автопат од Гостивар до Кичево, автопат Кичево – Охрид и Охрид – Струга – Ќафасан, односно нашите граѓани од Ќафасан до Блаце со Република Косово или до другите граници ќе се возат по модерен автопат, изјави Груби.

Според Груби, модернизацијата на Коридорот 8 и неговата реконструкција е од особено значење заради регионалното поврзување и соработката и од економско значење е за земјава.

Во изјавата, Груби истакна и дека со оваа одлука на Владата продолжуваат инвестициите во насока на подобрување на квалитетот на патната мрежа и зголемување на безбедноста во согласност со правилата на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот