Груби: Косово прости ни!

Фото: Слободен печат

Ексвицепремиерот Артан Груби реагираше на инцидентот со кој се соочи косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром и побара прошка од Косово.

Груби на Фејсбук напиша „Косово, прости ни“.

-Од господар до станар, од одлучувач до вазал, од горд до домашен миленик, од достоинствен до безрбетен, од белолик до груб, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владетел до слуга, од победник до победен, од Европа и од Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети до Иван Стоилковиќ –  напиша тој во објавата.

Министерството за внатрешни работи на Македонија соопшти дека инцидентот на скопскиот аеродром, во чиј центар била претседателката на Косово, Вјоса Османи, се случил затоа што сакала да помине без да и бидат проверени телефонот и багажот.

Со реакција се огласи и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

-Најостро го осудувам неприфатливото и скандалозно дејство кое денеска на скопскиот аеродром се случи против Косово. Овој инцидент јасно ја покажува неспособноста и неодговорноста на нелегалните албански претставници. Одговорност веднаш треба да преземат узурпаторите на албанските претставници во Владата и да одговараат за оваа срамна ситуација – напиша Османи на Фејсбук.

 

Член на обезбедувањето на Гаши вперил пиштол кон службеник на скопскиот аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот