2 C
Скопје

Груби кај Мурати во Уставниот суд: Соодветна и правична застапеност и единственост во ставот меѓу сите судии како приоритети

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес оствари работна средба со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
На оваа средба, како што стои во соопштението од Утавниот суд, стана збор за начините за целосно остварување на уставната позиција на Судот, како независен и самостоен орган на Републиката кој ги штити уставноста, законитоста, слободите и правата на човекот на граѓанинот и гарант е за владеење на правото во државата.
Во таа смисла, од претседателот на Судот, Мурати е укажано и на активностите кои би можеле да се преземат од Владата како носител на извршната власт, со цел да се остварат овие врвни цели на едно демократско општество, во рамки, секако, на своите надлежности.
Претседателот на Мурати го запозна Груби со она што е преземено во периодот за реализација на уставното начело на соодветна и правична застапеност и за постоењето на единственост во ставот меѓу сите судии дека ова е еден од основните и најитните приоритети на Судот.
На средбата Мурати ги презентираше тековните меѓународни активности во рамките на различните форуми и организации во кои учествува Судот, а кои меѓу другото се и можност за размена на искуства помеѓу уставните судови од различни држави, но и промоција  на државата во целост.
Прочитајте и...  Ново рочиште за „Друмарина"

Поврзани вести

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Слободен печат

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

Остави Коментар