Груби ја демантира Коха: Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, детали не се договорени

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Откако Коха објави дека е веќе направен договор за коалиција и дека таа ќе се официјализира по 4 август меѓу Заев, Ахмети и Билал Касами, реагираше генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби.

КОХА: Премиерското место ќе се дели 3+1 година, договорена е коалицијата СДСМ, ДУИ и ДПА

Тој на Фејсбук објави дека кога ќе има нешто конкретно, ќе ја известат јавноста.

-ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги развива со вклучување и известување на граѓаните.

Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено.

Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани.

Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните, напиша Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот