Груби и Ангелов на терен ја следеа состојбата со пожарите во Кумановско

Фото: Facebook/Артан Груби

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби попладнево го посети кумановскиот регион за да ја следи ситуацијата со пожарите и на терен беше заедно со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Правиме максимални напори да им помогнеме на граѓаните, пожарникарите, војниците и полицијата на сите места каде што има активни пожари. Со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска бевме во Довезенце, Кумановско, и бевме сведоци на натчовечките напори на жителите и пожарникарите да го изгаснат пожарот, соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер Груби.

Оттаму информираат дека денеска на двете седници на Владата се донесени важни одлуки за управување со ситуацијата со овие катастрофи, вклучително и прогласување кризна состојба.

– Максималните капацитети на сите наши институции се ставени на располагање за справување со пожарите. Ги замолувам граѓаните да бидат многу внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите, соопшти Кабинетот на Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот