Груби: Грижата кон децата никогаш не е доволна

 Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод новогодишните празници ги посети децата на Посебното основно училиште „Иднина” во Општина Чаир и децата од градинката „Фидани”.

По овој повод, Груби им подели пакети со подароци на децата, посакувајќи им здравје и да станат успешни за себе, но и за целото општество, соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер.

За време на средбата со раководителите на овие образовни институции, Груби со нив разговараше за активностите и начинот на функционирање во овој тежок период предизвикан од пандемијата што ја погоди не само нашата земја, туку и целиот свет.

Груби, исто така кажа дека е одговорност на сите нас да бидеме секогаш блиску до сите деца, особено до оние со посебни потреби. Во Владата на Република Северна Македонија, децата со посебни потреби, но и сите други имаат отворена врата и таму ќе го најдат својот најсилен поддржувач, стои во соопштението.

Првиот вицепремиер Груби, исто така рече дека 2020 година беше исклучително тешка година за целото општество и особено за родителите на децата со посебни потреби. Груби се надева дека во текот на 2021 година, со надминување на пандемијата, Владата ќе се фокусира уште повеќе на олеснувањето на секојдневниот живот на овие деца. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот