Груби го демантира разрешувањето на претседателите на ограноците на ДУИ

„На актуелните претседатели на ограноците на ДУИ, мандатот им истече уште минатата година, и како што ја информоравме јавноста, на состанокот на претседателството и Централниот Совет пред претседателските избори, се формираше работна група одговорна за одржување на собранието на форумот на младите и на жените, регистрацијата на членството, одржувањето на изборите при локалните подограници и ограноците како и организација на изборниот конгрес на ДУИ.

Го избравме новото претседателство на форумот на младите и на жените на масовни и спектакуларни собранија, ја завршивме регистрацијата на членството и следен чекор е организирање на внатрешнопартиските избори.

Затоа, на вчерашниот состанок на претседателството се одредија одговорните лица за спроведување на изборите во секој огранок. По овој Изборен процес следува организирањето на изборниот конгрес на ДУИ.

Ниту еден претседател на огранок не е разрешен, туку се објавени внатрепартиските избори во согласност со партискиот статут.

ДУИ е партија компактибилна со времето и околностите, па затоа секогаш имала прилив на нови лица во партијата, истовремено заддржувајќи го основачкиот столб непокорен и стабилен.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот