Груби е многу оптоварен, вели Меџити

Вечерва на Алсат гостуваше потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е дел од таканаречената „огнена група“ на незадоволни функционери на ДУИ, кои бараат да биде разрешен Артан Груби и другите владини министри кои доаѓаат од ДУИ.

На прашањето за Груби, Меџити рече дека „тој е многу оптоварен: како партиски секретар, вицепремиер и слично“, затоа, според него, стои и нивната забелешка.

„Кој и да е, не само Артан Груби, туку никој не може да биде и организациски секретар и вицепремиер, компетентен за проекти, за концерти, за медиуми, тоа е апсурдно, рече Меџити.

Во однос на интерпелацијата како метод да се разреши Груби, тој рече дека тоа е демократски метод, но во принцип треба да го иницира опозицијата.

Меџити додаде дека доколку дојде до интерпелација, „тогаш ќе се види дали тој блефира, или ќе гласа за разрешување на кој било министер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот