Груби: Ахмети не може да биде суфлер на средбите меѓу Мицкоски и Заев

Артан Груби / Фото: Архива на „Слободен печат“

Ахмети не може да биде суфлер на такви средби и нема причина да учествува на билатерални средби помеѓу двајца лидери на политички партии, одговори првиот вицепремиер Артан Груби на прашањето дали се налутиле бидејќи на средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не бил повикан и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

– И Ахмети се среќава одделно со лидери на политички партии. Пред средбата имав координација со премиерот Заев за ставовите коишто беа дел од тој состанок. И за време на средбата имавме најмалку три консултации со Заев. Немаше апсолутно никаква потреба Ахмети да биде дел од средба која ја побарал опозицискиот лидер со премиерот. Ако ДУИ за нешто се спротивставеше од договореното на таа средба тоа немаше да помине во Собранието, рече Груби во „Само интервју“ на Канал 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот