Грст медали за каратистите на Макпетрол во Подгорица

Каратистите на Макпетрол остварија одличен успех на интернационалниот карате турнир „Куп на шампионите“ кој се одржа во Подгорица.

На турнирот на кој учествуваа преку 700 каратисти од 50 клубови и седум држави, каратистите на Макпетрол освоија дури осум медали, од кои четири беа златни, еден сребрен и три бронзени медали. Со злато се закитија Абдурахим Идризи, Глигор Петков, Витомир Трајковски и Берто Ацковски. Сребрен медал освои Стефан Стојановиќ, додека Глигор Станоев, Абдурахим Идризи и Глигор Петков стигнаа до бронзата.

– Овој турнир е еден од најдобрите и најквалитетни карате турнири во регионот, На турнирот учествуваа каратисти од седум држави, и сите дојдоа со цел да ја темпираат својата форма пред Светското првенство кое треба да се одржи во месец Октомври во Чиле. Ние сме наполно задоволни од направената контрола, нашите спортисти направија многу индивидуални борби, освоивме осум медали и сега ќе продолжиме со темпирање на формата пред СП – вели тренерот Петар Заборски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот