ГРП: Северна Македонија е најмалку корумпирана меѓу земјите од Западен Балкан

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Северна Македонија е најмалку корумпирана меѓу земјите од Западен Балкан, покажува студијата за степенот на корупција за 2021 година на швајцарската компанија за управување со ризици „Глобал Риск Профајл” (ГРП).

Земјава се наоѓа на 85-то место на листата на ГРП со индекс на корупција од 43,56 поени, пред Црна Гора на 89-то и Србија на 92-то место. Косово е на 122-та позиција, Албанија на 125-та, а Босна и Херцеговина на 131-та.

Според студијата на ГРП, најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, а по неа следуваат Норвешка, Нов Зеланд, Данска и Шведска.

Глобалниот индекс на ГРП ја рангира корупцијата според одредени критериуми, меѓу кои и перењето пари и финансирањето тероризам.

Со студијата се опфатени вкупно 196 земји во целиот свет, а на дното на листата како држави со највисоко ниво на корупција се Северна Кореја, Сирија и Либија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот