Грозотија во струшко: Двајца мажи во години и тинејџер силувале девојче, еден од педофилите бил близок на семејството

Фото: Aizbah Khan / Wikimedia

Струшката полиција денеска уапсила тројца осомничени дека во повеќе наврати силувале девојче помладо од 14 години, чијашто точна возраст МВР не ја открива.

СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени двајца повозрасни мажи и 17-годишно момче, сите од различни села во струшко.

– ОВР Струга денеска ги лиши од слобода Т.Л.(57), од струшкото село Враништа, Н.К.(69) од селото Драслајца и 17-годишно лице од селото Мороишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Според информациите, ужасот во полиција го пријавил таткото на девојчето. Жртвата била злоставувана во неколку наврати, а еден од силувачите бил близок пријател на семејството.

Против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот