Грозоморно откритие ја шокираше Србија: На погребот на Биљана, откриено телото на сопругот кого го убила и забетонирала пред 3 години

На погребот на Биљана откриено дека го убила и забетонирала сопругот во плевна/Фото: Социјални медиуми

На денот на погребот на 38-годишната Биљана Стојановиќ од мало село кај Лесковац, која во неделата се самоуби веројатно со испивање на отров, братот на нејзиниот сопруг случајно го пронашол неговото тело забетонирано во плевната, пишуваат српските портали.

– Ископав и го скршив бетонот и во еден момент видов череп – изјави за Нова ТВ,  братот на Иван Стојановиќ за кого сопругата Биљана тврдела дека заминал на работа во Русија пред 3 години и дека оттаму им се јавува редовно но не можел да дојде од разни причини кои таа им ги кажувала.

-Секогаш го одложуваше времето на ваќањето на Иван. Некогаш поради пандемијата, па и од други причини, и никој не можеше да ја погоди страшната вистина, дека го убила и забетонирала во плевната во дворот, велат роднините.

Биљана, мајка на три деца исчезна пред четири дена и по неа се трагаше, се додека нејзиното тело не го пронајдоа во помошниот објект во дворот, во плевната.

-На денот на нејзиниот погреб, во вторникот, на 28 јуни, полицијата добила дојава дека Иван треба да се бара во дворот, а не во Русија. Наводно тоа во полиција го пријавил љубовникот на Биљана, но таа информација се уште се проверува, јавуваат српските медиуми.

Во исто време, братот на Иван го пронашол черепот.

Полицијата набрзо го блокирала имотот на семејството Стојановиќ, а истрагата за злосторството, полно со мистерија, се уште е во тек.

Семејството на покојната Биљана без да знае што точно се случило во нивниот дом, на некрологот за нејзиниот погреб, како ожалостени покрај нејзините деца го пишале и сопругот Иван за кој во тој момент верувале дека е жив и некаде во Русија.

Да биде листата на трагични настани поголема, жителите на селото Велико Трњане кај Лесковац за српските медиуми велат дека вчера на погребот на Биљана С. починал и нејзин постар братучед кој доживеал инфаркт додека траел закопот на гробиштата. Лекарите од итната помош не можеле да му го спасат животот на 70-годишниот старец.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот