Гром усмрти 13 деца во бегалски камп во Уганда

Грмотевица, гром, невреме
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

При удар на гром во бегалски камп во Уганда загинаа тринаесет деца и еден возрасен, соопшти локалната полиција.

Според извештаите, сите жртви присуствувале на црковна служба кога удрил громот, а освен настраданите, 34 луѓе биле повредени, јави Би-би-си.

Несреќата се случила во бегалската населба Палабек на северозападот од земјата, област која ја зафатија обилни врнежи од дожд, пропратени со грмежи и громови.

Населбата Палабек е дом на повеќе од 80.000 бегалци и баратели на азил, многу од нив од Јужен Судан, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите нации.

Пред четири години гром уби десет деца на фудбалскиот терен во градот Аруа, исто така во северозападна Уганда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот