Гром удрил во трафостаницата кај изворите во струшки Шум, отежнато водоснабдувањето

Гром синоќа удрил во трансформаторот преку кој со електрична енергија се напојуваат водните пумпи во селото Шум, од каде со вода се снабдуваат Струга и околината.

Јавното претпријатие „Проаква“  информира дека трансформаторот претрпел големо оштетување, што го отежнува снабдувањето со вода на населението.

– Како последица на ова во текот на денот ќе има слабо снабдување со вода за пиење на Струга и селата. Апелираме до корисниците да преземат потребни мерки за да имаат вода барем за основните потреби додека не се санира овој голем дефект, соопшти ЈП „Проаква“.

Екипи на претпријатието заедно со ЕВН Македонија се на местото на настанот и прават напори да го оспособат трансформаторот, со цел во текот на денот да се нормализира снабдувањето со вода за пиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот