Гром удри во викендичка кај Струмица, интервенираа пожарникари

Грмежливо време/Фото:EPA

Гром удри во викендичка на браната „Водоча”, но нема жртви и повредени, откако околу 17:00 часот силно невреме го зафати струмичкиот регион, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.

-Добивме повик за запалена викендичка на браната Водоча, но во меѓувреме граѓаните кои таму престојуваат го изгаснале пожарот. Според нашите сознанија се запалил кревет, а жртви и повредени нема, рече Вернер Стоилов, заменик командир на ТППЕ Струмица.

Од силниот дожд поплавени се неколку улици во пониските делови од градот и дворови.

Вода навлезе и во подземната гаража под плоштадот во Струмица од каде се извлекува со пумпи, а од постари куќи разлетани се керамиди од силниот ветар.

Досега само еден граѓанин пријавил дека има потреба од интервенција на пожарникарите заради извлекување на вода од куќата.

Екипи на ЈПКД „Комуналец” се излезени на терен и работат на остранување на последиците од невремето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот