Гром убил четири ретки горили во Уганда

Facebook/ZooAtlanta

Четири ретки планински горили угинале по удар на гром во Уганда, јави Би-си-си, додавајќи дека станува збор за животни кои му припаѓаат на загрозен вид.

Нивните трупови биле пронајдени во Националниот парк М’гахинга во Уганда, а ветеринарите соопштиле дека станува збор за три возрасни женки и еден млад мажјак.

На телата на горилите имало видливи изгореници од гром, но официјалната причина за смртта ќе биде соопштена по обдукцијата.

Четирите горили биле дел од групата што властите ја нарекле семејството Хирва. Другите 13 членови од оваa група се добро.

Сепак, се работи за голема загуба за овој вид на горили.

„За опстанокот на видот големо ќе беше влијанието на трите угинати женки“, изјавиле експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот