Гром на терен, двајца фудбалери паднаа како покосени (ВИДЕО)

Фудбалски натпревар во Јамајка имаше невообичаен крај, гром удри на теренот. Во рамките на натпреварувањето „ISSA/Digicel Manning Cup“ меѓу себе играа Волмер бојс и Јамајка Колеџ, а пред самиот крај на натпреварот, во 84. минута, дојде до удар на гром.


На видеото се гледа како двајца млади фудбалери веднаш по ударот паѓаат на теренот, а вкупно се повредени четири лица. Судијата веднаш го прекинал натпреварот, за да може двајцата фудбалери да бидат пренесени во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот