Грнчаров: Парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар!

фото: твитер

Грнчаров вели дека Градот Скопје не е должен да му помогне на клубот, бидејќи тоа бил долг на сегашниот сопственик, Сергеј Самсоненко.

Поранешниот играч и капитен на фудбалскиот клуб Вардар се огласи на Фејсбук по повод случувањата поврзани со клубот кој бара спас од финансиската криза.

Бобан Грнчаров вели дека Градот Скопје не е должен да му помогне на клубот, бидејќи тоа бил долг на сегашниот сопственик, Сергеј Самсоненко.

Шилегов му порача на Неловски: Вардар може да биде вратен на градот само без долгови, најдете два милиони евра за да го спасиме клубот (ВИДЕО)

Поради сегашната ситуација, ,,виси” судбината на клубот и настапот во квалификациите и ова лето, пишува „Вардар фанс“.

– Многу ми е смешно кога гледам коментари град Скопје да помогне на ФК Вардар. Како прво, како Вардар бара помош од Град Скопје кога должи над 2 милиони евра. Зошто кога земаа пари од Европа над пет милиони не кажаа ај ќе поделиме со Град Скопје, за утре задутре доколку ни требаат ќе ни помогнат тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога ќе треба да се дадат пари. За ова што се случува моментално е виновен еден човек и тој треба тоа да го реши сам (се надеваме дека денес ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца), а второ парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, така што сега нека бараат помош таму – напиша Грнчаров на Фејсбук.

фото: vardarfans.mk

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот