Грковска за користењето на службени возила за партиски цели: Не е во ред да се повторува истата работа за која претходно сте биле опоменати

Славица Грковска
Фото: Влада на РСМ

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска вели дека етичкиот кодекс за користење службени возила за партиска кампања е дециден.

Врз основа на документација од ДКСК изрековме опомени за Артан Груби, а и за Бујар Османи и Насер Нуредини. Не сум запознаена со случајот во саботата, но ќе видам за што станува збор. Досега сме се покажале дека не влијае врз нас тоа за кого станува збор, не е во ред да се повторува истата работа за која претходно сте биле опоменати, потенцира Грковска.

Одговарајќи на прашање, таа истакна дека се надева оти деталите за судирот на интереси за фирмата на братот на Груби која добила финансиски средства од Владата, ДКСК ќе покрене постапка, а играњето фубдал во кабинет го коментираше како начин на којшто функционерите не треба да се однесуваат.

Кога станува збор за играњето на фудбал морам да признаам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста не сметам дека тоа е начин на којшто функционерите би требало да се однесуваат и мислам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како тие треба да се однесуват, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот