Грковска се сретна со Ескобар, го информирала до каде е борбата против корупцијата

Фото: Славица Грковска / Фејсбук

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан.

Вицепремиерката Грковска го информирала Ескобар за активностите кои се отпочнати од страна на Кабинетот за добро владеење и сето она што претстои во насока на борбата против корупцијата, доброто владеење и дигитализацијата.

Таа нагласила дека стратешкото партнерство со САД за Северна Македонија е од суштинско значење и изрази благодарност за поддршката што САД ни ја дава, особено во делот на справувањето со корупцијата, како еден од најзначајните приоритети во градењето на демократски и економски силно општество, напиша Грковска на Фејсбук.

Ескобар рекол дека, покрај чекорите кои Владата ги презема за да се остварат стратешките цели на државата, како членка на НАТО е и безрезервно вклучена и во поддршка на Украина од секој аспект, како со донации, така и со згрижување на бегалците кои се жртви на руската агресија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот