Грковска: И судиите и обвинителите треба да одговараат за злоупотреба на службената должност

Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење
Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење / фото: Утрински брифинг

Вицепремиерка за политики за добро владеење Славица Грковска, од Вашингтон каде што е на Молитвениот појадок, во интервју за Гласот на Америка се осврнува на проблемот со корупцијата Македонија. Притоа, како најслабата карика во системот, министерката го посочи правосудството.

– Се согласувам дека уште повеќе треба да се направи од она што е направено и граѓаните сакаат да видат видливи резултати, да има ефект и краен резултат од борбата против корупцијата и организираниот криминал. Најголемата слабост е во правосудниот систем. Ако нема завршница во еден случај, пораката, која се праќа во општеството е погрешна. Судиите и обвинителите исто така треба да одговараат за злоупотреба на службената должност, исто како и останатите функционери кои подлежат на истите закони – изјави министерката Грковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот