Грк починал во гевгелиско казино

67-годишен грчки државјанин вчера починал во казино во гевгелиски хотел, соопшти МВР.

„На 28.01.2023 околу 15.20 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Р.Грција се струполил на подот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“, велат од МВР.

Увид извршиле полицајци од Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот