ГРК Охрид: Седи дома, биди одговорен за себе и останатите!

фото: фејсбук

Исто така и голманот на ракометниот клуб Бутел, Даскалоски апелира за заедничка одговорност и заедно можеме да го победиме вирусот.

И ракометниот клуб на Охрид се наоѓа во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Нивните пораки се луѓето да седат дома, за сите побрзо да излеземе надвор. Да бидеме одговорни за себе и останатите.

фото: фејсбук

Заеднички до победа во оваа битка! – напишаа од ГРК Охрид на својата фејсбук страница.

Исто така и голманот на ракометниот клуб Бутел и воедно поранешен репрезентативец, Златко Даскалоски.

РАКОМЕТНИОТ КЛУБ БУТЕЛ СКОПЈЕ СЕ ВКЛУЧУВА ВО КАМПАЊАТА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ‼️ Вашето здравје и здравјето на Вашите најблиски е најважно, затоа останете дома‼️

– Останете дома! Здравјето е заедничка одговорност, заедно можеме да го победиме вирусот – гласи пораката на Даскалоски.

До прекинот на сезоната во шампионатот, ГРК Охрид се наоѓаше на второто место со 43 бодови, само еден помалку зад водечкиот Металург, а на четвртото место е Бутел Скопје со 37, еден помалку зад третопласираниот Пролет 62.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот