Гризман си оди од Барселона поради две причини, Меси и скандалозно видео

EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Скапо платеното засилување на Барселона, Антоан Гризман, ова лето може да ја напушти Барселона и тоа по две разочарувачки сезони. На  Барселона и недостасуваат финансиски средства за да може да му понуди нов договор на најдобриот играч, Лионел Меси, а воедно и да ги регистрираат новите фудбалери со кои потпиша ова лето и поради управата е подготвена да го продаде Гризман.

Проблем за Барселона претставува тоа што само Атлетико Мадрид е заинтересиран за францускиот репрезентативец, додека приказната со Манчестер сити и Пеп Гвардиола е далеку од реална.
Атлетико дури го понуди Саул Нигез во замена за Гризман, но управата на Барселона ја одби оваа понуда бидејќи им се потребни пари, но и да се ослободат од големата плата на Французинот.

На крајот Гризман сепак може да заврши во Атлетико Мадрид и тоа поради скандалозното видео кое се појави неодамна и на кое се гледа како тој и колегата од репрезентацијата и од Барселона, Осман Дембеле, ги навредуваат Азијците на расна основа.

За време на турнејата на Барселона во Азија во 2019 година, Гризман и Дембеле во својата хотелска соба снимале и навредувале јапонски техничари кои требало да ги отстранат проблемите за да може фудбалерите да играат видео игра.
Поради ова скандалозно видео, еден од главните спонзори на Барселона, јапонската компанија Ракутен се заканува дека ќе го раскине договорот доколку клубот не преземе соодветни санкции против Гризман и Дембеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот