Гризман по само една година може да си оди од Барселона

twitter.com/INDOBARCA_JOGJA

Барселона летово конечно ја оствари желбата, да го доведе во своите редови, Антоан Гризман, но се чини дека управата сега жали за овој потег. Управата и тренерот Ернесто Валверде сè уште велат дека му е потребно време на Французинот да се вклопи во новиот тим, но никако да почне да ги оправдува огромните пари вложени во него.

Згора на тоа, навивачите го губат трпението и на последните неколку натпревари на „Камп Ноу“ тој редовно е исвиркуван.

Но, каталонските медиуми, поточно „Спорт“ објави дека постои голема можност тој по само една година може да си замине од Барселона. „Спорт“ пишува дека и Гризман полека го губи трпението и се погласно зборува дека направил погрешен избор. Наводно, ПСЖ кој со години се обидува да го ангажира, будно ја следи ситуацијата и планира идното лето да достави понуда за ангажман на Гризман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот