Гризман не знае да игра фудбал во Барселона

EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Францускиот репрезентативец ни по заминувањето на Луис Суарез и доаѓањето на новиот тренер, не успеа стане стандарден првотимец во Барселона.

Иако е платен 120 милиони евра минатата година, Антоан Гризман, никако на теренот да прикаже зашто е платен толку пари. Сезонава Грзиман дури го загуби и местото во првиот тим на Барселона и тоа од тинејџерот Ансу Фати кој за разлика од Французинот, блеска на секој натпревар.

На најголемото фудбалско дерби, популарното Ел Класико, Гризман во 81. минута влезе во игра на местото на Фати, а сезонава се уште нема постигнато гол и нема одиграно цел натпревар.

Поранешниот француски репрезентатувец Биксенте Лизаразу смета дека проблемот кај Гризман е во самодовербата бидејќи тој во дресот на репрезентацијата игра одлично.

Антоан кога го носи дресот на Барселона не знае како да игра фудбал. Илигледно е дека станува збор за голем проблем во самодовербата. Тој е фантастичен фудбалер, но веќе не знае каде му е местото на теренот – изјави Лизаразу.

ВИДЕО: Реал го освои „Камп Ноу“, сомнителен пенал и еврогол на Модриќ!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот