Гризман: Меси е легенда

Најновото засилување на Барселона, Антоан Гризман, го одработи првиот тренинг со новите соиграчи. Тој не го криеше воодушевувањето од доаѓањето во каталонскиот клуб и можноста да игра со Лионел Меси.

– Тоа што ме прави најреќен е играњето со Меси. Тој ќе биде легенда и за мојот син и за неговите деца. Меси за фудбалот е тоа што Леброн Џејмс е за кошарката, вистинска легенда – изјави Гризман.

Французинот исто така откри дека е одлично примен од новите соиграчи иако го навлече нивниот гнев откако минатата година јавно објави дека останува во Атлетико Мадрид, и ја одби понудата од Барселона.
– Доколку треба да се извинам, тоа ќе го направам на теренот. Тоа е најдобро место за да се извинам – додава Гризман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот