Гризман и следната сезона ќе игра за Барселона!

Фото: fcbarcelona.com

Иако многу се шпекулира, клубот од „Камп Ноу“ успеа да го убеди Французинот дека нема да се најде на трансфер листата во летниот период.

Францускиот репрезентативец се очекува и следната натпреварувачка сезона (2020/2021) да ги брани боите на Барселона, информира „Л`Екип“.

Клубот од „Камп Ноу“ успеа да го убеди Антоан Гризман дека нема да се најде на трансфер листата во летниот период.

Претставниците на Барса го уверија напаѓачот дека клубот и натаму смета на неговите услуги, и покрај шпекулациите кои се вртеа изминатиот период околу иднината на Французинот.

Оваа сезона досега сезоната Гризман запиша 44 мечеви со реализирани 15 гола и четири асистенции.

Врвни екипи покажуваат интерес за актуелниот светски шампион кој има важечки договор со Барселона до 30 јуни 2024 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 96 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот