Гризман е како буре барут, двете екипи од Манчестер тропнаа на вратата на Барселона

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Барселона сезонава изгледа и делува како циркус од кој заминување најави и Меси, додека најскапото засилувања за оваа сезона е бесен како рис бидејќи има ист статус како и тинејџерот Фати.

Кике Сетиен, тренерот на каталонците на кого му се одбројани деновите на клупата, во дербито со Атлетико Мадрид го понижи Гризман со тоа што го внесе во игра во 90. минута.

„Марка“ сега открива нови информации за состојбата во соблекувалната во Барселона која се повеќе наликува на циркус отколку на тим кој ја брани титулата.

Според весникот токму Антоан Гризман е еден од лидерите на бунтот против Сетиен кој ќе заврши така што тренерот наскоро ќе добие отказ. Французинот е разочаран и навреден од податокот дека тој не е во групата на недопирливи како што се Меси, Суарез, Пике, а во исто време се бори за место во првиот тим со 17-годишниот Ансу Фати.

Од друга страна каталонскиот „Мундо Депортиво“ кој подобро ги знае состојбите во соблекувалната од самата управа тврди дека двата тима од Манчестер,Јунајтед и Сити веќе оствариле контакти со агентот на Гризман, но и со самата управа.
Се споменува сума од 130 милиони евра, што претставува 10 милиони евра повеќе од тоа што каталонците го платија минатото лето за Гризман. , но

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот