ГРИЗЛИ УБИ КАНАДСКИ МУЗИЧАР: Патувал и снимал звукови од природата, а животното го нападнало на спиење! (ФОТО)
Музичарот Џулијен Готијар, кој патувал по реката Мекензи во Канада, го нападнало и убило гризли, пренесува Би-Би-Си.
Музичарот кој патувал за да ги снима звуците од природата за свој проект, ѕверот го нападнал и го убил на спиење.
Биологот Ками Тоскани, кој патувал со Готијар (44) ги контактирал локалните власти и рекол дека неговиот пријател на сред ноќ го одвлекла мечка.
Заради лошите временски услови канадската полиција испратила хеликоптер следниот ден и го пронашла неговото тело.
Симфонискиот оркестар „Британи Симфони оркестра“, за кој Готијар работел како композитор му одаде почит, соопштувајќи дека се работи за чувствителен, великодушен и талентиран човек, кој бил многу интелигентен и со чувство за авантура.
Mes chers amis, Je suis profondément attristé de vous annoncer le décès de notre compagnon de route, le compositeur et…
Publiée par Orchestre Symphonique de Bretagne sur Lundi 19 août 2019