Гризли уби кампер во Америка: Цел тим трага по мечката, стравуваат дека ќе нападне и други луѓе

Утрово во западна Монтана гризли мечка нападна и уби едно лице во локалниот камп во близина на населеното место Овандо.
Според шерифот во округот Пауел, гризли мечката талкала во областа близу Овандо и се движела околу кампот, а нападот врз камперот се случил помеѓу 4.00 и 5.00 часот утрово.
– Мечката се појави и пред овој фатален напад, еден период ја снема, па сега повторно се врати, изјави шерифот Гејвин Роуслес.
Моментално е ангажиран цел тим составен од полицајци и експерти за диви животни сѐ со цел побргу да ја пронајдат мечката, потврдија официјалните лица.
Идентитетот на жртвата засега не е објавен, а деталните околности на нападот се испитуваат.
– Нашата главна грижа е благосостојбата на заедницата, а следниот чекор е пронаоѓање на мечката, соопшти локалната полиција.
Извор: Блиц.рс