Гришам: Одобрувањето на обвиненијата за импичмент на Трамп е „очајна шарада“

Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам постапката за одобрување на обвиненијата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп од страна на Комитетот на Претставничкиот дом ја оцени како „очајна шарада”.

Таа додаде дека претседателот Трамп со нетрпение очекува да има фер третман и правен процес во Сенатот, „што и натаму му е ускратено од Претставничкиот дом”.

Републиканецот Даг Колинс од Џорџија изјави дека ќе има различни мислења за тоа.

Демократите тврдат дека Трамп се однесувал недолично кон Русија уште од предизборната кампања во 2016 година, што ја истражуваше специјалниот обвинител Роберт Малер.

Тие наведуваат дека неговото дејствување со Украина и користело на Русија, а не на САД и дека мора да биде спречен повторно да ги „расипе” американските избори и „со измама да дојде до втор мандат” наредната година.

– Итно е, рече претседателката на Претставничкиот до – Ненси Пелоси.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел изјави дека нема шанси претседателот да биде сменет од функцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот